Дескриптори
Специфични дескриптори на квалификации за прв циклус студии на студиска програма по Бизнис администрација
Знаење и разбирање
- стекнување знаења поврзани со процесите на организирање и водење на различни форми на бизниси, управување со организации и човечки ресурси;
- разбирање на структурата и улогата на општественото, економско и правно опкружување при управување со организации;
- разбирање на процесот на формулирање и имплементација на бизнис и маркетинг стратегии;
- разбирање на основни постулати на современиот менаџмент и други менаџерски дисциплини важни за современата менаџерска практика;
- стекнување знаења поврзани со сметководство, даночен систем,ризици и донесување на сметководствени одлуки во приватни и јавни организации, банки и други видови на организации во РСМ и надвор.;
- стекнување знаења за финансии во организации и корпорации, како и разбирање на финансиски системи на национално и меѓународно ниво и донесување на финансиски одлуки.
Примена на знаењето и разбирањето
- менаџерски вештини поврзани со структурирање, организација, претприемништво и водење на различни видови на бизнис;
- самостојна анализа и интерпретација на релевантни информации во процесот на менаџерско одлучување;
- дизајнирање и имплементација на менаџмент, маркетинг, сметководствени, финансиски, правни, операциски, дигитални и ИТ стратегии во конкретен бизнис амбиент и во рамките на воспоставените етички стандарди во индустријата и користење на соодветни алатки и апликации.
Способност за проценка
- способност за проценка на лидерски квалитети, градење и координирање на тимови и на тимски и индивидуални перформанси;
- способност за идентификација, анализа и предвидување на промени на бизнис фактори и ризици кои влијаат на остварување на целите на компанијата,иновации и идентификација на алтернативни решенија произлезени од истите;
Општи дескриптори на квалификации за прв циклус студии на студиска програма по Бизнис администрација
Знаење и разбирање
- Покажува знаење и разбирање во научното поле на студирање кое се надградува врз претходното образование и обука, вклучувајќи го и познавањето во доменот на теоретски, практични, концептуални, компаративни и критички перспективи во научното поле според соодветна методологија.
- Покажува разбирање за теоретските модели и концепции на модерната економска и бизнис теорија;
- Демонстрира знаење за различните модели и стратегии кои се користат за успешно водење на макроекономската политика и бизнис процесите во претпријатијата
- Способност за креирање и употреба на современите пристапи за анализа на ефектите од макро и микро економските политики, финасиските и деловните одлуки во претпријатијата;
- Покажува знаење и способност за независно учество во научни и професионални дискусии.
- Способност за донесување на квалитетни бизнис одлуки.
- Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење.
Примена на знаењето и разбирањето
- Покажува способност за креативност и иновативност при создавање на нови идеи и решенија;
- Покажува способност за оценка и избор на научни теории, методологии и алатки во различни економски и бизнис подрачја;
- Применува продлабочени знаења од специфични областа на функционирањето на макро и микро економската политика, финансии,сметководство, статистика и генерално функционирање на претпријатијата на национално и меѓународно ниво;
- Покажува знаење за различните методи, алатки и апликации кои се користат во истражувањето на економските појави и бизнис процесите;
- Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата и професијата.
- Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање на проблеми како и способност за донесување на квалитетни бизнис одлуки.
- Се стекнува со способност за пронаоѓање и поткрепување аргументи во рамките на полето на студирање.
Способност за проценка
- Способност за проценка на макро и микро економската ситуација, бизнис процесите, проблемите и приоритетите во различни подрачја;
- Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци.
- Оспособување за самостојно решавање комплексни проблеми од практичното работење и развивање на критичкиот однос кон постојните теоретски модели и знаења;
- Способност за анализа, синтеза и критичка евалуација на факти.
- Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните,правни,лидерски,социјални,психолошки и етичките аспекти.
- Способност да оценува теоретски и практични прашања, да дава објаснување за причините и да избере соодветно решение.
Комуникациски вештини
- Способност да комуницира и дискутира и со стручната и со нестручната јавност за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани.
- Развивање и унапредување на способности за тимска работа, способност за лидерство и комуникација
- Стекнува способност за независно учество со професионален пристап во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии на национално и меѓународно ниво.
Вештини на учење
- Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.
- Поседува способност за анализирање, разбирање, меморирање и истражување на содржини од различни области;
- Покажува способност за изведување заклучоци или мислење за предностите и недостатоците на економските појави и бизнис процесите;
- Демонстрира способност за вклучување во активно учење, способност да се служи со научно-истражувачки методи и да користи релевантна литература во своите анализи;