Како дел од Еразмус+ проектот “Културолошки студии во бизнис”, од 5ти до 9ти декември, 2018 година, Еуро Колеџ имаше состанок во Универзитетот Ла Сапиенца, со останатите партнери од проектот. За време на состанокот, партнерите дискутираа за дизајнот на структурата на идната МБА програма, и потребата да се истражи моменталната состојба со слични програми на други европски универзитети.