На 1 октомври започна новата академска година во Еуро Колеџ Куманово, со новата, 22-ра генерација студенти.
Нашите нови студенти имаа можност да се запознаат со начинот на одвивање на наставата, студентските обврски и можностите што ги нуди студирањето на Еуро Колеџ.
Особено значаен интерес и оваа година има за програмата за двојна диплома, која Еуро Колеџ ја реализира во партнерство со London Metropolitan University. Оваа можност им овозможува на студентите да стекнат меѓународно признати квалификации и дополнителни можности на домашниот и меѓународниот пазар на труд.
Со нови знаења, нови предизвици и нови можности, им посакуваме успешен почеток на сите наши студенти!
Добредојдовте во Еуро Колеџ! 



