Општи дескриптори на квалификации за втор циклус студии
Општи дескриптори на квалификации на специјалистички стручни студии од втор циклус по Бизнис администрација на ПВПУ „Еуро Колеџ“ – Куманово.
Дескриптори на квалификацијата
Општите дескриптори ги определуваат знаењата, способностите и вештините што студентот ги стекнува во рамките на втор циклус специјалистички стручни студии.
Знаења и разбирање
- Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.
- Способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.
- Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или повеќе специфични научни полиња.
- Поседува знаење од една или повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се базираат на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.
Примена на знаењата и разбирањето
- Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.
Способност за проценка
- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето.
- Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при некомплетни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и проценка.
- Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области, и поставување на нови анализи и решенија на научна основа.
Комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување на истите, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
- Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки.
- Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.
Втор циклус специјалистички стручни студии
Студиска програма: Бизнис администрација – ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово.