Во рамките на Еразмус+ проектот 2023-1-MK01-KA171-HED-000131568, професорите Марјан Младеновски и Драган Шутевски ја реализираа својата академска мобилност на Fakultet za poslovnu ekonomiju i pravo (FPEP) во Црна Гора.
За време на посетата, тие одржаа предавања пред студентите, споделувајќи современи знаења и практични искуства од нивните области на експертиза. Истовремено, преку средби и дискусии со академскиот кадар, беше остварена успешна размена на идеи, искуства и добри практики, со што дополнително се зајакна меѓународната соработка помеѓу двете високообразовни институции.
Оваа активност претставува значаен придонес кон интернационализацијата на високото образование и унапредувањето на академската и професионалната соработка во рамките на програмата Еразмус+.





