На 8 ноември 2024 година, Еуро Колеџ организираше семинар на кој Мајсторот Сонг Чонгдао одржа предавање на тема „Дао и Вештачката Интелигенција“. Мајсторот Сонг Чонгдао е истакнат поединец во религиозната заедница на Кина. Тој е носител на докторска диплома од Факултетот за менаџмент при Универзитетот Викторија во Швајцарија, како и доктор по психологија од Џонс Интернешнал Универзитетот во САД.
Мајсторот Чонгдао е таоистички свештеник од школата Чуанжен на кинескиот таоизам и ученик на ниво Тиеншиен во сектата Лонгмен на школата Чуанжен. Тој е директор на Кинеското религиозно друштво и гостин професор на Институтот за религиозни студии при Нормалниот универзитет Џангси.
Мајсторот има објавено монографии како што е „Даото не е обичното Дао: Истражување на таоистичката мисла и парадигмите за иновација во корпоративната култура“ и многубројни трудови во меѓународно и домашно реномирани академски списанија.
За неговиот придонес во областа на образованието, Еуро Колеџ му додели почесна академска титула.










