Двајца професори и десет студенти од “Еуро Колеџ“ кон крајот на октомври заминаа во Соверато, Италија во соработка со партнерот JUMP ‐ Gioventu in riSalto од Соверато, Италија.
Во јуни оваа година „ Еуро Колеџ“ преку проектот “Имплементација на практична настава во високо образование“ стана корисник на грант од Европска Унија подржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамки на проектот имаше тренинг обука на двајца професори во времетраење од една недела преку размена на искуства за реализирање на практична работа и обука на Università della Calabria ‐Cosenza, Italy и италијански компании. Обуката успешно беше завршена.