За време на свечената церемонија на годишните бизнис награди организирани од Европското бизнис собрание на 13 декември во Виена, Еуро Колеџ беше награден за најдобро претпријатие, а деканот Љубиша Петрушевски беше прогласен за менаџер на годината.
Наградата му ја врачи претседателот на Клубот на ректори г-дин Вил Гудир на менаџерскиот тим на колеџот, д-р Љубиша Петрушевски и г. Ранко Цветковиќ. Критериумите за избор на компанијата се засноваат пред се на активноста на меѓународно ниво, но исто така и на влијанието врз локалната заедница и резултатите постигнати во текот на целата година.