
Твојата кариера започнува додека студираш
Без разлика дали сè уште ја истражуваш својата професионална насока, бараш место за практична настава, се подготвуваш за првото интервју или веќе бараш работа, Центарот за кариера е достапен да ти помогне во секоја фаза од твојот професионален развој.
Кариерно советување
Студентите можат да закажат индивидуална средба со Центарот за:
- определување професионални интереси и кариерни цели;
- планирање на професионалниот развој;
- подготовка на CV;
- подготовка на мотивациско писмо;
- уредување на LinkedIn профил;
- подготовка за интервју за работа;
- избор и подготовка за практична настава;
- советување при барање работа.
Практична настава и пракса
Практичното искуство е значаен дел од професионалниот развој на студентот. Центарот соработува со компании, институции и организации во обезбедување можности студентите да ги применат стекнатите знаења во реална работна средина.
Центарот обезбедува:
- информации за достапни места за пракса;
- поврзување со партнерски организации;
- потребна документација за практична настава;
- поддршка во процесот на пријавување;
- комуникација со организацијата во која се реализира практиката;
- евалуација на искуството на студентот и работодавачот.
Како до пракса?
1. Избери можност
Разгледај ги актуелните понуди во канцеларија на Центар за Кариера или предложи компанија во која сакаш да реализираш практична настава.
2. Контактирај го Центарот
Центарот ќе ти помогне околу постапката и потребната документација.
3. Реализирај ја практиката
Стекни реално професионално искуство и запознај ја работната средина.
4. Заврши ја документацијата
По завршувањето на практиката достави ја потребната потврда и дневник за практична работа.
Работа и можности
На оваа страница студентите и алумните можат да ги следат актуелните:
- огласи за вработување;
- практикантски позиции;
- part-time можности;
- graduate и trainee програми;
- студентски проекти;
- повици за обуки и професионален развој.

Кариерни работилници
Во текот на академската година Центарот организира работилници и обуки според потребите на студентите и промените на пазарот на труд.
Темите може да вклучуваат:
- Како да подготвам професионално CV?
- Како да напишам добро мотивациско писмо?
- Подготовка за интервју за работа
- Mock Interview
- LinkedIn и професионален дигитален идентитет
- Комуникациски и презентациски вештини
- Деловна комуникација и деловна етика
- Личен бренд и професионално вмрежување
- Претприемништво и развој на бизнис идеја
- Дигитални компетенции за современиот пазар на труд
- Вештини за управување со проекти и тимска работа.