Водич за подготовка на CV
Добро подготвеното CV треба јасно и прегледно да ги претстави вашето образование, искуство, вештини и професионален потенцијал.
Што е CV?
Основна структура на добро CV
Лични податоци
Име и презиме, телефон, e-mail адреса, град на живеење и LinkedIn профил, доколку имате.
Краток професионален профил
2–4 реченици за вашите професионални интереси, цели и клучни компетенции.
Образование
Институција, студиска програма, период на студирање и релевантни академски постигнувања.
Работно искуство / пракса
Назив на позиција, организација, период и главни одговорности или постигнувања.
Вештини
Дигитални, јазични, комуникациски, организациски и други релевантни вештини.
Обуки и сертификати
Релевантни курсеви, обуки, професионални лиценци и сертификати.
Дополнителни активности
Волонтерство, студентски активности, проекти, натпревари и други релевантни ангажмани.
Совети за успешно CV
- Прилагодете го CV-то на конкретната позиција.
- Бидете јасни, прецизни и концизни.
- Користете професионален и уреден изглед.
- Нагласете резултати, постигнувања и релевантно искуство.
- Проверете ги правописот и граматиката пред испраќање.
- CV-то нека биде 1–2 страници.
- Секогаш испраќајте го во PDF формат.
Најчести грешки
- Премногу долг и непрегледен текст.
- Вклучување нерелевантни информации.
- Непрофесионална e-mail адреса.
- Правописни и граматички грешки.
- Испраќање исто CV за сите огласи без прилагодување.
- Нејасни датуми или недоволно информации за искуството.