Објавено на Kumanovo News.
Дваесет отсто попуст ќе добијат студентите кои до 1 август ќе се запишат во “Еуро Колеџ“.
Уписок е во тек, и има сто места за додипломски и 50 места за постдипломски студии по бизнис и администрација.Оваа година се надеваме дека побрзо ќе се исполни квотата, а она што ќе остане го потполнуваме со студенти од страна, од Дубаи и се надеваме на студенти од Индија. Инаку, „Еуро Колеџ“ доби акредитација за образование за возрасни и веќе работиме во соработка со Центарот за вработување, курс за невработени по сметководство, а наскоро ќе почнеме и слични курсеви по англиски и по информатика – изјави Љубиша Петрушевски, декан на „Еуро Колеџ“.
Петрушевски објаснува дека преку „Еразмус плус“ имаат добиено средства за мобилност на студенти и професори во Европа и на Филипините. Ова ќе биде одлична можност нивните студенти и професори одреден временски период да поминат во овие земји.