Специфични дескриптори за Втор циклус специјалистички студии
Специфични дескриптори на квалификации за студиска програма Бизнис Администрација на ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово, специјалистички стручни студии од втор циклус.
Специфични дескриптори на квалификацијата
Дескрипторите ги определуваат специфичните знаења, разбирање и способности што се развиваат во рамките на студиската програма по Бизнис администрација.
Знаења и разбирање
- Интегрирање на претходностекнати знаења и искуства поврзани со процесите на организирање и водење на различни форми на бизниси, управување со организации и човечки ресурси;
- Напредно познавање на процесот на формулирање и имплементација на бизнис модели и стратегии;
- Напредно познавање на концептите и поединостите на меѓународниот бизнис и економија и информациско-комуникациски системи практикувани во истите;
- Напредно познавање на методологија на научноистражувачка работа и нејзина апликација.
Примена на знаењата и разбирањето
- Примена на напредни менаџерски методи и техники поврзани со структурирање, организација и водење на различни видови на бизнис;
- Самостојна анализа и интерпретација на релевантни информации во процесот на менаџерско одлучување;
- Напредно дизајнирање и имплементација на бизнис стратегии во конкретен бизнис амбиент и во рамките на воспоставените етички стандарди во индустријата.
Специфични способности
- Способност за донесување менаџерски одлуки со висок степен на сложеност;
- Способности за раководење и делегирање авторитет;
Студиска програма:
Бизнис Администрација – специјалистички стручни студии
од втор циклус.