Конкурс за уписи на постдипломски студии
Конкурс за запишување на студенти на постдипломски студии на Приватната Високообразовна Професионална Институција за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово во академската 2026/2027 година.
Академска 2026/2027 година
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово.
Врз основа на член 149, член 134 и член 135 од Законот за високото образование и Правилникот за условите и критериумите за запишување на додипломските студии на Приватната Високообразовна Професионална Установа за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово, Наставничкиот совет, на седницата одржана на 22.04.2025 година за определување на бројот на студентите за запишување во академската 2026/27 година, го предлага бројот на студенти наведен во Конкурсот.
Број на слободни места
Услови и критериуми за запишување
Општи услови
Право на конкурирање имаат кандидати кои ги исполнуваат следниве општи услови:
- да завршиле прв циклус студии;
- кандидатите кои завршиле во странство да имаат решение од МОН за признавање на странската диплома.
Пријавување
Пријавувањето се врши на формулари што кандидатите можат да ги набават во институцијата.
Редовни студенти
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти.
Вонредно студирање
Кандидатите кои имаат засновано работен однос или кои поради здравствени причини не се во можност редовно да ја следат наставата, можат да се запишат како вонредни студенти.
Селекција на кандидатите
- За рангирање на запишаните студенти, Високообразовна Професионална Институција за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово формира конкурсна комисија. Конкурсната комисија ја следи реализацијата на Конкурсот, се грижи за доследно почитување на одредбите во Конкурсот и дава упатства и мислења во текот на неговото спроведување.
- Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија.
- Конкурсната комисија на огласната табла ги објавува прелиминарните ранг-листи.
- По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување од страна на конкурсната комисија, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Во спротивно, го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати.
- Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите, и се упатува до управата.
- Решението на управата по приговорот е конечно. Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла.
- По истекот на роковите за поднесување приговори и за нивно решавање, Конкурсната комисија објавува решение за прием на студенти (конечна ранг-листа), врз основа на што се врши запишување на студенти.
- Доколку по завршувањето на првиот уписен рок останат непополнети места, се врши запишување во втор уписен рок.
Доколку во првиот уписен рок при рангирањето на крајот на листата на примените кандидати има повеќе кандидати со еднаков број поени, а нивниот број е најмногу пет, се запишуваат сите вакви кандидати. Ако бројот на ваквите кандидати е поголем од пет, кандидатите се рангираат според дополнителни критериуми: освоени посебни постигнувања, добиени сертификати за познавање на странски јазици на повисоко ниво и сл.
Запишување вонредни студенти
Услови
Како вонредни студенти може да се запишуваат кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување и имаат договор за вработување на неопределено време, како и кандидати кои од оправдани причини не се во можност да се запишат како редовни студенти.
Оправдани причини
- инвалид кој не е во состојба да ја посетува наставата;
- потешка долготрајна болест, која оневозможува редовно следење на наставата подолго од еден семестар;
- родител на дете додека трае породилното отсуство.
Дополнителни документи
При пријавувањето за запишување како вонредни студенти, кандидатите поднесуваат договор за вработување на неопределено време или лекарско уверение за причините наведени во точка 1 став 2, издадено од соодветна поликлиника.
Самофинансирање
Студирањето на ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово е со самофинансирање.
Рокови за пријавување и запишување
Документи за пријавување и запишување
- Пријава за запишување
- Диплома (или фотокопија заверена кај нотар) за завршен прв циклус на студии. Кандидатите кои завршиле во странство доставуваат Решение од МОН за признавање на странската диплома.
- Уверение за положени испити со оценки и кредити (оригинал или фотокопија заверена кај нотар). Кандидатите кои завршиле во странство доставуваат еквиваленција на оценките.
- Куса биографија (CV)
- Извод од матична книга на родените
- Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
- Две слики (големина за пасош)
Времетраење на студиите
Студиите по програмата Бизнис администрација се во времетраење од една година.
Место на изведување на студиите
ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово
Студиите се изведуваат во просториите на Установата во Куманово со седиште на ул. Доне Божинов бр. 41.
Адреса: Ул. Доне Божинов бр. 41, Куманово, Република Северна Македонија
Телефон: 031 / 418-025; 031 / 417-202
E-mail: info@eurocollege.edu.mk
Web: www.eurocollege.edu.mk
Конкурсот е објавен на интернет страницата: www.eurocollege.edu.mk