Конкурс за уписи на додипломски студии
Конкурс за запишување на студенти на додипломски студии на Приватната Високообразовна Професионална Институција за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово во академската 2026/2027 година.
Академска 2026/2027 година
Студиска програма: Бизнис Администрација. Конкурсот е донесен во Куманово, април 2026 година.
Врз основа на член 149, член 134 и член 135 од Законот за високото образование и Правилникот за условите и критериумите за запишување на додипломските студии на Приватната Високообразовна Професионална Установа за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово, Наставничкиот совет, на седницата одржана на 22.04.2026 година за определување на бројот на студентите за запишување во I година во академската 2026/27 година, го предлага бројот на студенти наведен во конкурсот.
Број на слободни места
Услови и критериуми за запишување
Завршено средно образование
Право на запишување на додипломски студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука.
Право на запишување имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура или кои завршиле четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведувањето на државната матура.
Исклучок наведен во конкурсот
По исклучок, особено талентирано лице може да запише студии на факултетите од областа на уметностите иако нема завршено четиригодишно средно образование, под услов тоа да го стекне до крајот на втората година на студиите, под услови утврдени со статутот на факултетот.
Доколку лицето не ги исполни наведените услови, го губи статусот студент на соодветниот факултет.
Редовни и вонредни студенти
Кандидатите се запишуваат како редовни студенти.
Кандидатите кои имаат засновано работен однос или кои поради здравствени причини не се во можност редовно да ја следат наставата, можат да се запишат како вонредни студенти.
Основа за рангирање
Рангирањето на пријавените кандидати се врши врз основа на вреднување изразено во поени за успехот од средното образование и државната матура, односно училишната матура или завршниот испит.
Кандидатите кои имаат завршено средно образование пред 2007/2008 година и кандидатите кои завршиле средно образование во странство, се запишуваат само врз основа на успехот од средното училиште.
Селекција на кандидатите
- За пресметување на бодовите од постигнатиот успех од средното образование и успехот постигнат на државната или училишната матура, Високообразовна Професионална Институција за Бизнис Студии Еуро Колеџ – Куманово формира конкурсна комисија. Конкурсната комисија ја следи реализацијата на Конкурсот, се грижи за доследно почитување на одредбите во Конкурсот и дава упатства и мислења во текот на неговото спроведување.
- Рангирањето на кандидатите го врши конкурсната комисија.
- Конкурсната комисија на огласната табла ги објавува поените од средното образование (среден успех).
- По објавувањето на прелиминарната ранг-листа на кандидатите за запишување, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Во спротивно го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати.
- Приговорот се однесува само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите, и се упатува до управата.
- Решението на управата по приговорот е конечно. Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла.
- По истекот на роковите за поднесување приговори и за нивно решавање, Конкурсната комисија објавува решение за прием на студенти – конечна ранг-листа, врз основа на што се врши запишување на студентите.
- Доколку по завршувањето на првиот уписен рок останат непополнети места, се врши запишување во втор и во трет уписен рок.
Доколку во првиот уписен рок при рангирањето на крајот на листата на примените кандидати има повеќе кандидати со еднаков број поени, а нивниот број е најмногу пет, се запишуваат сите такви кандидати. Ако бројот е поголем од пет, кандидатите се рангираат според дополнителни критериуми: соодветноста на изработената проектна задача при полагањето на државната матура, освоени награди на републички и меѓународни натпревари, членство во спортски репрезентации на РМ, добиени сертификати за познавање на странски јазици на повисоко ниво и сл.
Запишување вонредни студенти
Кој може да се запише како вонреден студент?
Како вонредни студенти може да се запишуваат кандидати кои ги исполнуваат условите за запишување и имаат договор за вработување на неопределено време, како и кандидати кои од оправдани причини не се во можност да се запишат како редовни студенти.
Оправдани причини
- инвалид кој не е во состојба да ја посетува наставата;
- потешка долготрајна болест која оневозможува редовно следење на наставата подолго од еден семестар;
- родител на дете додека трае породилното отсуство.
Дополнителни документи
При пријавувањето за запишување како вонредни студенти, кандидатите поднесуваат договор за вработување на неопределено време или лекарско уверение за причините наведени во конкурсот, издадено од Универзитетска поликлиника.
Запишување студенти со самофинансирање на студиите
Студирањето на ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово е со самофинансирање.
Рокови за пријавување, проверка на знаењето и запишување
Документи за пријавување и запишување
- Пријава за запишување
- Оригинални свидетелства од I – IV година
- Свидетелство за завршено средно образование
- Документ за положена државна матура
- Извод од матична книга на родените
- Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)
- Две слики (големина за пасош)
Времетраење на студиите
Студиите по програмата Бизнис администрација се во времетраење од три години.
Место на изведување на студиите
ПВПУ Еуро Колеџ – Куманово
Студиите се изведуваат во просториите на Установата во Куманово со седиште на ул. Доне Божинов бр. 41.
Адреса: Ул. Доне Божинов бр. 41, Куманово, Република Македонија
Телефон: 031 / 417-202; 031 / 418-025
E-mail: info@eurocollege.edu.mk
Web: www.eurocollege.edu.mk
Конкурсот е објавен на интернет страницата: www.eurocollege.edu.mk