Алумни асоцијацијата при П.В.П.У. Еуро Колеџ – Куманово како една од свои активности во оваа година ја објавува и промоцијата на атрактивната понуда за своите членови за студирање во IV–та година додипломски студии, за кои Еуро Колеџ доби акредитација во декември 2016-та година.
Сите досегашни дипломирани студенти на тригодишните додипломски студии се членови на Алумни асоцијацијата.
За координатор на оваа промотивна кампања е избран Коста Алчевски.
За сите подетални информации членовите на Алумни асоцијацијата можат да се обратат и да контактираат со координаторот на емаил: k.alcevski@eurocollege.edu.mk , или да присуствуваат на презентацијата на (Alumni Open Day) која ќе се одржи на ден (сабота) 20.05.2017-та година во просториите на П.В.П.У Еуро Колеџ.