Вести
Универзитетски саем во Адана, Турција
Еуро Колеџ во период од 11 до 16 јануари 2011 година се претстави на Меѓународниот Саем за едукација и образование “CUKUROVA EDUCATION 2011” во Адана, Турција , заедно со уште голем број реномирани странски учесници од областа на образованието. За време на престојот, менаџерскиот тим на Еуро Колеџ успеа успешно да ја претстави својата институција и да оствари богата соработка со други реномирани Високо образовни Установи.
Уште eдна Церемонија на Доделување на Дипломи во Калифорнија
Студентите на Еуро Колеџ ги добија своите дипломи за додипломски и постдипломски студии на уште една декемвриска церемонија на доделување на дипломи во просториите на АХУСЦ во Сан Бернардино. За прв пат на некои од студентите на Еуро Колеџ им беше доделена диплома за докторски студии. Истовремено нашиот долгогодишен партнер Др. Радоје Радиќ од Интернационална Менаџмент Едукација од Бања Лука доби титула Почесен Доктор од АХУСЦ. Вообичаено групата го помина остатокот од времето посетувајќи ги Малибу, Санта Моника, Беверли Хилс и други познати места во Лос Анџелес. Благодарение на љубезноста на Г-дин Ентони Бауерз, тимот на Еуро Колеџ имаше ретка можност да ги посети славните филмски студија Јуниверзал во Бурбенк.
Еуро Колеџ доби награда за компанија на годината
Еуро Колеџ на 13 декември оваа година на свечената церемонија на доделување на наградите од Европската Бизнис Асоцијација во Виена ја прими наградата за најдобра бизнис компанија , а деканот Љубиша Петрушевски ја понесе наградата за менаџер на годината. Критериумите по кои е одбрана компанијата се темелат пред се на активноста на меѓународен план, влијание во заедницата и остварени резултати во изминатата година.Еуро Колеџ уште еднаш ја оправда довербата на своите студенти и компании со кои соработува, и продолжува со промоција на својот бренд на глобално ниво.
Додела на дипломи, Ноември 2010
Еуро Колеџ ја има честа да ја промовира четвртата генерација додипломци.
На 19-ти Ноември во просториите на Младинскиот Културен Центар во Куманово, пред присутните родители и пријатели, претставници од Општината, средните училишта, Министерството за Образование и Наука на Р. Македонија, и бизнис секторот, беа свечено доделени дипломите на четвртата генерација на додипломци.
Централно место пред почетокот на церемонијата зазеде традиционалниот Говор на Деканот со кој се отвори свеченоста. Во својот говор, Др. Љубиша Петрушевски, им се заблагодари на родителите, Општината, Министерството, како и на своите партнери, академски кадар и вработени за нивната подршка и соработка кои во текот на последните седум години допринесоа Еуро Колеџ да се етаблира како бренд на град Куманово. Според Деканот, особено успешна за Колеџот е тековната година, во која со добивање на Наградата за Европски Квалитет и значајот на остварените меѓународни соработки Еуро Колеџ се промовираше и како глобален бренд.
По говорот следуваше свечениот акт на додела на дипломи, украсен со ентузијазмот на дипломците и нивните најблиски кои трпеливо работеа и веруваа во својот потенцијал. Да им посакаме успешна иднина!
Еуро Колеџ jа Доби Престижната Награда за Европски Квалитет
На 11 Октомври 2010 година, Еуро Колеџ стана првата високообразовна институција во Македонија како и меѓу многу ретките во регионот кои ја имаат добиено Наградата за Европски Квалитет. Настанот беше организиран од страна на Европската Бизнис Асамблеја како дел од нивниот Самит на Лидери во Оксфорд. Високо ценетата награда беше примена од менаџерскиот тим на колеџот, Др. Љубиша Петрушевски и Г-дин Ранко Цветковиќ, на церемонијата во салата на Градското собрание на Оксфорд. Исто така беа присутни и лауреатите од Русија, Казахстан, Украина и други европски, африкански и азиски земји. Во текот на пленарната седница насловена како „Високото образование во контекстот на Поголема Европа“, Др. Петрушевски имаше своја презентација на симболичка тема „Еуро Колеџ и предизвиците на Глобалното образование“. Еуро Колеџ очекува да ја продолжи својата добра соработка со Европската бизнис асамблеја, како и да развие идна соработка со бројни личности и институции кои беа контактирани во текот на самитот.
[..говорот на др. Петрушевски на Оксфордскиот самит..]
Студенти од Токио во посета на Еуро Колеџ
На крајот на август, Еуро Колеџ имаше чест да биде домаќин на студентите на Женскиот Колеџ Гакушуин (Gakushuin Women’s College) од Јапонија. Студентите, како дел од своите истражувања на источно-европската култура, посетија повеќе културно-историски обележја на Македонија, меѓу кои родната куќа на Мајка Тереза, Собранието на Република Македонија, Јапонскиот Конзулат во Скопје, како и повеќе знамености на градот Охрид. Во Куманово, вратите на своите домови им ги отворија студентите на Еуро Колеџ, кои исто така ги дружеа своите колеги од Јапонија во текот на посетата на мегалитската опсерваторија Кокино.
Колеџот Гакушуин има долга традиција во склоп на Универзитетот Гакушуин, кој е основан во 1877 година од Императорот Комеи (Komei) со цел да ги образува децата на Јапонската аристократија и империјалното семејство.
ЕУРО КОЛЕЏ ВО ТОКИО
Најпосле, долго очекуваното патување во Јапонија. Овој пат Еуро Колеџ беше претставен на голем број универзитетски претставници, владини претставници, поранешни дипломати и други пријатели кои ја покажаа нивната неприкосновена гостопримливост и великодушност во текот на еднонеделниот престој во Токио. Беа посетени: Waseda Универзитет, Отворен Универзитет на Јапонија, NHK Студија и Јапонскиот Надворешен Прес Центар. Освен тоа, колеџот се сретна и со професори од Нихон Универзитет и од J. F. Oberlin Универзитет. Секако, поради незапаметената гостопримливост на домаќините, менаџментот на колеџот се запозна со прекрасните места на Токио и уживаше во незаборавното чувство на Токио во пролет.
Еуро Колеџ би сакал да се заблагодари на: Г-дин Уда, Г-дин Танигучи, Г-дин Тетсуја, Г-дин Терада, Г-дин Накагава и особено Г-дин Матсумото за нивната љубезна поддршка во текот на престојот во Јапонија. Единствено можеме да се надеваме да ги дочекаме на сличен начин овде во Македонија.
ВТОР УНИВЕРЗИТЕТСКИ КОЛОКВИУМ И ПОСЕТА НА ПЕКИНГ
Еуро Колеџ зема активно учество на Вториот Универзитетски Колоквиум, одржан во Пенанг, од 20-ти до 23-ти март 2010 година. Како и секогаш тоа беше прекрасна можност да се запознаат партнери и колеги од целиот свет. Од особено значење за колеџот беше состанокот на ИДЕАЛ на кој се расправаше за понатамошно институционално воспоставување на Лигата и верификациските процедури. Akamai Универзитетот и Еуро Колеџ се првите институции кои ќе поминат низ верификациски процес и ќе бидат последователно акредитирани од страна на ИДЕАЛ.
Во текот на церемонијата на затворање во Екваторијал Хотел, Пенанг, во присуство на претставникот на Малезискиот Парламент, на Директорот на Еуро Колеџ му беше доделена Примерна Награда за Лидерство ЕДС за неговиот придонес во развојот на глобалната образовна мрежа.
По Колоквиумот, колеџот отпатува во Кина каде беше пречекан од претставници од Универзитетот за Филологија од Беиџинг. Патувањето исто беше искористено за да се увериме во брзо растечкиот потенцијал на Беиџинг и да се посетат некои од бројните историски места во и надвор од градот.
ЕУРО КОЛЕЏ СТАНА ОВЛАСТЕН ЦЕНТАР НА “ICM”
Од Јануари 2010 година, Еуро Колеџ стана овластен центар на Институтот за Комерцијален Менаџмент (www.icm.ac.uk), водечко професионално и верификациско тело за студенти по бизнис и менаџмент. ICM е акредитиран од Ofqual (Office of the Qualifications & Examinations Regulator - www.ofqual.gov.uk) кое е дел од Британско Владино Тело за Квалификации и Наставни Програми (UK Government’s Qualifications and Curriculum Authority - QCA -www.qcda.gov.uk). ICM квалификациите и нивните соодветни нивоа можат да се најдат во Националната Датабаза на Акредитирани Квалификации (NDAQ-www.accreditedqualifications.org.uk/awarding-body/qualifications/Institute+of+Commercial+Management+qualifications.seo.aspx).
ICM е формиран во 1979 година и во изминатите 30 години има воспоставено сопствени центри во повеќе од 100 земји. Студентите на Еуро Колеџ и вработените професионалци ширум светот имаат извонредна можност да се здобијат со престижните ICM сертификати кои ќе им овозможат да ги надоградат нивните квалификации или пак да напредуваат кон релевантните студиски програми на некои од водечките Британски универзитети (видете ја листата на www.icm.ac.uk/icm-qualifications/progression-routes)
[..кликни тука за ICM web site..]
ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА АМЕРИКАН ХЕРИТИЏ УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ЈУЖНА КАЛИФОРНИЈА НА СТУДЕНТИТЕ НА ЕУРО КОЛЕЏ
Ова секако беше историски настан. Никогаш досега група на студенти од Балканот имале официјално добиено дипломи во Америка. Десет студенти од Босна, Србија и Македонија ја посетија Калифорнија во првата недела на Декември. На официјалната церемонија во Сан Бернардино тие ги добија нивните дипломи од највисоките претставници од AHUSC. Во текот на истата церемонија на Директорот на Еуро Колеџ, Љубиша Петрушевски, му беше доделена Почесна титула на Доктор по Философија за неговиот придонес во развојот на глобалното образование. По церемонијата студентите на Еуро Колеџ заедно со други дипломци од AHUSC присуствуваа на забавата организирана по тој повод во еден од најстарите ресторани во САД, лоциран на познатиот Автопат 66 (Route 66).
СРЕДБА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ЛОНДОН СИТИ КОЛЕЏОТ
Двајцата директори се сретнаа во Лондон. Ник Кирицис и Љубиша Петрушевски имаа срдечна средба во просториите на Лондон Сити Колеџ и Меѓународниот Шилер Универзитет на јужниот брег на реката Темза, веднаш до познатото Милениумско око на Лондон. Двајцата директори ја истакнаа важноста за продолжување на добрата соработка помеѓу двете институции и понатамошното продлабочување на успешната соработка. Еуро Колеџ ќе продолжи да помага на Лондон Сити Колеџ во нивниот план да ги воведе нивните програми во други универзитети на Балканот, а особено на Косово. LCC од друга страна ќе го поддржи Еуро Колеџ при воспоставувањето врски со некои Британски акредитирани институции за обука како што е Институтот за Комерцијален Менаџмент (ICM) и ќе работи кон идно здружување на Еуро Колеџ со SIU.
Додела на дипломи, Ноември 2009
На 1-ви ноември во 20 часот во просториите на Народниот Театар во Куманово, Еуро Колеџ заедно со својот академски врв и претставници од Министерството за Образование и Наука, имаа чест да им ги доделат дипломите на третата генерација додипломци.
Церемонијата ја отвори деканот, Др. Љубиша Петрушевски, со воведен говор во кој зборуваше за успехот на додипломците и на Еуро Колеџ во последниве шест години. Деканот одвои време и за стратешките проекти на Еуро Колеџ кои што ќе се реализираат во иднина и кои на наредните генерации на студенти ќе им овозможат глобален пристап и врска со академски средини од повеќе земји, како и други практични поволности кои што ќе го обликуваат нивниот интернационален профил.
По свечениот акт на додела на дипломи, присутните ги забавуваа дваица од дипломците - Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски, кои настапија со свои композиции. Вечерта заврши со коктел забава, на која студентите и нивните блиски заедно со професорите ги споделија своите искуства после успешно завршените студии.
ЕУРО КОЛЕЏ НА ПРВИОТ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КОЛОКВИУМ ВО МАЛЕЗИЈА
Во текот на третата посета на Пенанг, Малезија во рок од девет месеци колеџот зема активно учество во работата на Првиот Меѓународен Универзитетски Колоквиум. Тоа беше ретка можност за средба со високите претставници и за воспоставување нови контакти со голем број на универзитети од Шри Ланка, Тајланд, Индонезија, Виетнам, Филипините, Бангладеш и Словачка. Состанокот уште беше искористен за официјално потпишување на документот за формирање на IDEAL (Меѓународна Акредитациски Лига за Далечинско Образование), соодветно тело кое ќе поттикнува нови перспективи во глобалното образование. Еуро Колеџ е еден од четирите основачки членови. Исто така, на директорот на колеџот му беше доделена и престижната Посебната лидерска награда за достигања во високото образование.
ЕУРО КОЛЕЏ ВО ИНДИЈА
Еуро Колеџ ја шири својата мрежа во Азија. Според големината и потенцијалите Индија е многу интересно место за новиот меѓународен развој на колеџот. Со обемната поддршка од страна на Македонската Амбасада во Њу Делхи и Invest Macedonia India, менаџментот на колеџот помина 10 продуктивни денови во првата половина на Септември во главниот град на Индија. Главното причина на посетата беше институциското поврзување со неколку поголеми локални универзитети, покрај посетата на регрутните агенции од Индија со кои веќе имаме воспоставено долгорочни односи. Од посебен интерес беше соседната општина на Делхи, Гургаон, која освен што е информатичката престолнина на Индија има и огромен образовен капацитет.
Уште еден семинар во Малезија, Јули 2009
Еуро Колеџ, заедно со претставниците на партнерската институција Интернационална Менаџмент Едукација од Бања Лука, Босна и Херцеговина, учествуваа на новата рунда на семинари по Менаџмент, традиционално организирана од EDS Академијата во периодот помеѓу 18-ми и 24-ти Јули во Пенанг, Малезија.
Семинарот содржи кредити кои водат кон добивање на престижните МБА и ДБА дипломи издадени од страна на American Heritage University of Southern California од Сан Бернардино, САД. Како таков семинарот станува се попопуларен кај бизнис елитата и кај сите оние кои сакаат да добијат американски дипломи на ефектен и брз начин без да се наруши академскиот интегритет и квалитетот на квалификациите кои на таков начин се стекнуваат.
Во склоп на патувањето, екипата на Еуро Колеџ и на Интернационална Менаџмент Едукација го посети и прекрасниот малезиски остров Пангкор кој е можна дестинација за изведување на некои идни семинари.
Следниот ЕДС семинар ќе се одржи од 9-ти до 16-ти ноември повторно во Пенанг.
За повеќе информации кликни тука
Програма за Практикантска работа и вработување, Мај 2009
На 12 Мај, во просториите на Еуро Колеџ во Куманово, се одржа промоција на Програмата на УСАИД за практикантска работа и вработување “Моја кариера”, пред студентите на Еуро Колеџ и деловната заедница од Куманово. По промоцијата, претставници од проектот и директорот на Еуро Колеџ - господинот Љубиша Петрушевски, потпишаа договор за соработка.
Програмата треба да го надмине јазот меѓу побарувачката и понудата на квалификувани и талентирани поединци на пазарот на работна сила во Македонија. На студентите им се обезбедува структурирана можност за стекнување на работно искуство, кое им овозможува полесен пристап до области на професии во кои размислуваат да ја продолжат својата дејност по дипломирањето.
Проектот за конкурентност на УСАИД соработува со Министерството за образование, а има во план потпишување на договор за соработка со сите акредитирани образовни иституции во Македонија.
За повеќе информации кликни тука
Менаџментот на Еуро Колеџ во Малезија, Март 2009
Менаџментот на Еуро Колеџ, предводени од директорот Љубиша Петрушевски, учествуваа на 10-тата Програма по Напреден Менаџмент, организирана од EDS Академијата помеѓу 7-ми и 13-ти март во Пенанг, Малезија.
За време на престојот, тие имаа можност да разговараат со Др. Бен Ли во врска со остварување на интернационална соработка со Академијата од Пенанг, каде што студентите на Еуро Колеџ би можеле да поминат дел од своите МБА и ДБА студии.
Посетата беше дел од стратешката определба на Еуро Колеџ, кој ставајќи акцент на мулти-културните аспекти од своите програми, се залага да формира глобална мрежа на академска соработка и проток на информации и знаења, нудејќи им на своите студенти повеќе можности за професионални искуства и развој.
За повеќе информации кликни тука
Менаџментот на Еуро Колеџ во Калифорнија, Фебруари 2009
Преставници на колеџот го посетија кампусот на American Heritage University (АХУ) во Сан Бернардино, Калифорнија, каде што имаа значајни средби и разговори со нивните колеги од АХУ во врска со отворањето на новите наставни програми и курсеви во Македонија и остварување на посилни врски помеѓу двете институции. Бидејќи Еуро Колеџ има планови за експанзија на Балканот, беше ауторизиран од универзитетот да нуди програми и курсеви од АХУ на други универзитети во регионот и да ја контролира нивната имплементација. За време на престојот во Калифорнија, претставниците на Еуро Колеџ ја искористија можноста да посетат некои од знаменитостите на соседниот град, Лос Анѓелес
Еуро Колеџ е акредитиран и лиценциран од Министерството за Образование на Република Македонија
На 26.02.2008 Еуро Колеџ Куманово стана официјално акредитиран од Министерството за Образование на Република Македонија. Последователно, доби дозвола за работа на 18.07.2008. Полното име на институцијата ќе биде: ПРИВАТНА ВИСОКООБРАЗОВНА ПРОФЕСИОНАЛНА УСТАНОВА ЗА БИЗНИС СТУДИИ ЕУРО КОЛЕЏ – КУМАНОВО.





