Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење на 15.05.2017 година (Понеделник) со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на МАНУ организираа трибина на темата „Претприемачкото образование во Република Македонија – проблеми и предизвици“.
Од страна на Еуро Колеџ на трибината присуствуваа професорите Саво Ефремовски и Драган Шутевски.
Теми за дискусија на трибината беа:
- Потреба од претприемачко образование;
- Претприемачко образование – како е во ЕУ, а како е во Македонија?;
- Најнови трендови во претприемачкото учење – претприемачките компетенции на ЕУ (Entre Comp);
- Потреба од соодветни материјали за претприемачко образование.
За време на трибината беа промовирани книгите “Иновации” за IX одделение и “Иновации и претприемништво” за II година од авторите проф. Д-р Радмил Поленаковиќ и проф. Д-р Валентина Гечевска, како и книгите “Иновации и претприемништво” за I и III година и “Бизнис и претприемништво” за IV година од авторите проф. Д-р Радмил Поленаковиќ и доц. Д-р Драган Шутевски. Исто така презентирани се и повеќе ресурси кои може да помогнат во подобро реализирање на наставата по предметните програми.
На трибината зборуваа Академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ, Академик Таки Фити, претседател на МАНУ, Проф. д-р Изет Зеќири, дописен член на МАНУ, Проф. д-р Синиша Зариќ, Економски факултет, Универзитет во Белград, Србија и потпретседател на форумот Stvaratelji za Stoljeća, Проф. д-р Радмил Поленаковиќ, Машински факултет, УКИМ и НЦРИПУ, проф. д-р Мишко Џидров, УГД, претставник од Фонд за иновации и технолошки развој како и професор од Еуро Колеџ доц. Д-р Драган Шутевски.