На 28 Април, 2017 во Лондон, Претседателот на Бордот на Директори на Еуро Колеџ г-дин Ранко Цветковиќ, се здоби со високата награда и признание – „почесен професор на Оксфордската Академија„ доделена од страна на Оксфордската Академија на професори и на Европскиот Бизнис Форум.
Ова е исклучителен случај академски лица од Балканот и од Македонија да добијат вакви почесни награди и да станат членови на оваа престижна Академија. Ова е секако и голем успех за Еуро Колеџ како високо образовна институција која преку богатата интернационална соработка продолжува да се стреми кон спојување на македонскиот образовен систем со глобалното образование.