Повикот за аплицирање за стипендии е отворен за сите матуранти од средните училишта во Куманово, Крива Паланка, Велес и Кратово. Тестирањето ќе се одржи на 15.06.2017 год. во 12 час во просториите на Еуро Колеџ за доделување на 12 целосни и делумни стипендии. Повикот важи за матуранти од училиштата Гимназија „Гоце Делчев“, ССОУ „Киро Бурназ“, ОСТУ „Наце Буѓони“ и СОУ „Перо Наков“ од Куманово, СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, Гимназијата „Кочо Рацин“ – Велес и СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово. Тестирањето ќе биде во форма на претставување на бизнис план со наслов „Од идеја до реализација“.
За подетални информации во врска со стипендиите можете да добиете во просториите на ПВПУ „Еуро Колеџ“ или на e-mail: info@eurocollege.edu.mk
За да аплицираш за добивање на стипендија пополни го следниот формулар: