X

Претседателот на Борд на директори со високо признание од Оксфордската Академија на професори

На  28 Април, 2017 во Лондон, Претседателот на Бордот на Директори на Еуро Колеџ  г-дин Ранко Цветковиќ, се здоби со високата награда и признание – „почесен професор на Оксфордската Академија„  доделена од  страна на  Оксфордската Академија на професори  и  на Европскиот Бизнис Форум.

Ова е исклучителен случај академски лица од Балканот и од Македонија да добијат вакви почесни награди и да станат членови на оваа престижна Академија. Ова е секако и голем успех за Еуро Колеџ како високо образовна институција која преку богатата интернационална соработка продолжува да се стреми кон спојување на македонскиот образовен систем со глобалното образование.