X

Службеник во Книговодство

Програмата се однесува на образование на возрасни и се состои од 14 теми, поделени во 3 модули.Реализирањето на програмата е за период од 3 месеци. Програмата е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања од областа на  сметководството што ќе им овозможи проширување на нивните знаења и вештини и полесно вклучување на пазрот на трудот

По завршувањто на обуката според програмата службеник во книговодство, учесникот ќе биде подготвен да:разликува информации од финансиските извештаи на трговските друштва; користи сметковен план;контира сметководствени настани;евидентира постојани средства;евидентира тековни средства,евидентира капитал и обврски,евидентира трошоци,расходи и приходи;изработува калкулации и врши пресметки за потребите на сметководствената евиденција;евидентира пресметка и распределба на финансиски резултат;применува законска регулатива и стандарди;применува сметководствени принципи и правила; применува  стекнати знаења,вештини и компетенции од доменот на службеник во сметководство при реализирање на практична обука во книговодствено биро или фирма.

Критериуми за влез во програмата:

  • Лицето да има завршено средно тригодишно или четиригодишно образование
  • Лицето да биде постаро од 15 години

Стандард на занимање:

  • Согласно националната класификација на занимања, изработена од страна на Завод за статистика во Скопје, 2011, шифра 4311 занимање- Службеници во книговодство, поточно шифра 4311.06, занимање- службеник во книговодство

Наставна програма:

Теми во прв модул:

  1. Поим за сметководство, сметководствени информации и сметководствени принципи
  2. Финансиски извештаи
  3. Сметководствена документација и ликвидирање на влезни и излезни документи
  4. Сметководствени настани, сметки и правила за евиденција на сметки
  5. Деловни книги

Теми во втор модул:

  1. Сметковен план
  2. Евиденција на постојани средства
  3. Евиденција на тековни средства
  4. Евиденција на капитал и обврски
  5. Евиденција на трошоци,расходи и приходи

Теми во трет модул:

  1. Пресметка и евиденција на финансиски резултат
  2. Пресметка и евиденција на даноци
  3. Изработка на целосен практичен пример за сметководствена евиденција во трговски друштва
  4. Практична обука во книговодствено биро или во фирма