X

Канцелариска работа со текстуални документи и документи за табеларно пресметување

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со познавања за дигитална обработка на текст и табеларни пресметки. Програмата е поделена во два модула, во првиот модул се изучува работа со текстуални документи, а во вториот работа со документи за табеларни пресметки. Модулите вклучуваат настава во времетраење од 24 часа, поединечно, или вкупно 48 часа, и ќе се изведува 2 месеци. За понатамошно напредување може да се изучува систем за менаџмент на дата база како што е Микрософт Аксес.

По завршувањето на обуката учесниците ќе се стекнат со познавања на компјутерски програми кој се дел од канцелариска работа. Ќе можат успешно да креира, прифаќа и обработува текстуални документи и нивно запишување на медиум за чување, да вметнува табели, цртежи и слики, да креира внатрешни и надворешни линкови кон други документи, да припреми документ за печатење или за друга дигитална дистрибуција и менаџирање на документи. Исто така ќе можат да изработуваат комплексни табели и да креираат графикони. Со комбинирање на овие компјутерски програми. учесниците ќе можат да креираат и комплексни извештаи потребни за нивната работа.

Критериуми за влез во програмата:

  • Лицето да има завршено средно тригодишно или четиригодишно образование
  • Лицето да биде постаро од 15 години

Наставна програма:

Теми во прв модул:

  1. Работење со документи
  2. Уредување на документи
  3. Употреба на алатки за коригирање текст
  4. Работа со табулатори и инденти
  5. Работа со маргини, страници и проред
  6. Работа со стилови
  7. Креирање внатрешни и надворешни линкови
  8. Додавање хедери, футери и броеви на страници
  9. Печатење и конвертирање на документи
  10. Креирање на нумерирани и булет листи
  11. Додавање на слики во документи
  12. Работа со табели

Теми во втор модул:

  1. Креирање и работење со работна книга
  2. Внесување на податоци во работна табела
  3. Изведување на прости пресметки
  4. Работа со формули и разбирање на референца на ќелија
  5. Пресметување на функции
  6. Изглед на работна табела
  7. Промена на изглед на текст и броеви
  8. Граница и сенки на ќелии
  9. Работа со опсег
  10. Вметнување на ќелии, редови и колони
  11. Печатење и конвертирање на работна книга
  12. Креирање и работа со графикони