X

Мисија

Еуро Колеџ е високообразовна, универзитетска, колеџ заедница посветена на квалитет во наставата и услугата. Преку своите додипломски и последипломски програми по Бизнис Администрација Еуро Колеџ се стреми да стимулира интелектуална љубопитност, имагинација, рационално размислување и мисловна експресивност во голем број на дисциплини и професионални полиња.

Од исклучителна важност е посветеноста на додипломската настава. Општествените науки го сочинуваат јадрото на додипломската наставна програма. Последипломските програми на магистерко ниво се комплементарни на додипломската програма. Еуро Колеџ смета дека школската пракса, истражувањето и креативните активности се суштествени за ефективно учење.

Еуро Колеџ е посветен на разноврсност, интернационални перспективи и регионални услуги. Се стреми да креира сигурна и безбедна атмосфера и опкружување во кое студентите, факултетот и вработените можат да градат или надградуваат интереси, вештини и таленти до сиот свој потенцијал. Еуро Колеџ верува во оптимално искористување на постоечките ресурси и славење, изучување и заштитување на богатото наследство, на квалитетот на животот и средината на Балканскиот регион, во кој е ситуирана.