X

Конкурс за упис на студенти

Конкурс за упис на студенти на додипломски студии

Приватна Високообразовна Професионална Установа за Бизнис Студии

ЕУРО КОЛЕЏ – Куманово

К О Н К У Р С

За запишување на студенти на додипломски студии во академска 2017/2018 г.

Врз основа на член 108 од Законот за високото образование и Правилникот за условите и критериумите за запишување на додипломски студии на Еуро Колеџ – Куманово,  Наставно – Научниот совет на седницата одржана на  03.02.2017 год. за определување на бројот на студентите за запишување во I година во академската 2017/18 година го предлага следниот број на студенти:

 

Насока: Бизнис Администрација
Јазик на кој се изведува настава Слободни места Редовни студенти Вонредни студенти Времетраење на студии
Македонски Јазик 85 40 45 3 год.
Англиски Јазик 15 10 5 3 год.
Вкупно: 100 50 50

 Услови и критериуми за запишување  

  • Право на запишување на додипломски студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование, во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука.

Документи за пријавување и запишување

  • пријава за запишување
  • оригинални свидетелства од I – IV година
  • свидетелство за завршено средно образование
  • документ за положена државна матура
  • извод од матична книга на родените
  • доказ за државјанство (уверение или решение)
  • две слики ( големин 2 х 3 см.)

 

Конкурс за упис на студенти на постдипломски студии

Приватна Високообразовна Професионална Установа за Бизнис Студии

ЕУРО КОЛЕЏ – Куманово

 

К О Н К У Р С

За запишување на студенти на Втор циклус Постдипломски специалистички студии по Бизнис Администрација во академска 2017/2018 г.

Врз основа на член 108 од Законот за високото образование и Правилникот за условите, критериуми и правила за запишување на постдипломски студии на Еуро Колеџ – Куманово,  Наставно – Научниот совет на седницата одржана на 03.02.2017 год. за определување на бројот на студентите за запишување во академската 2017/18 година го предлага следниот број на студенти:

Втор циклус постдипломски специjалистички студии 
Насока: Бизнис Администрација

Јазик на кој се изведува настава Слободни места Редовни студенти Вонредни студенти Времетраење на студии
Македонски Јазик 85 40 45 4 – семестра
Англиски Јазик 15 10 5 4 – семестра
Вкупно: 100 50 50

 Услови и критериуми за запишување  

  • Право на запишување на втор циклус на студии на ПВПУ Еуро Колеџ имаат кандидати со завршени студии од прв циклус со тригодишно или четиригодишно траење.

Рокови  за  пријавување и запишување

I УПИСЕН РОК II УПИСЕН РОК
Пријавување на кандидатите 01.10 до 31.10.2017 01.01 до 31.01.2018

 

Документи за пријавување и запишување

  • Пријава за запишување
  • Диплома за завршен прв циклус на студии (оригинал или нотарска заверка)
  • Извод од матична книга на родените
  • Уверение за државјанство на РМ (уверение или решение)
  • Две слики ( големина 2 х 3 см.)