X

За Нас

Еуро Колеџ е формиран на 11 ноември 2003 година. На 29 ноември колеџот потпиша договор за академска поддршка со North European Studies од Грција, претставувајќи ги програмите на Chartered Management Institute, UK. Од тогаш колеџот соработува со бројни странски универзитети и колеџи: University of London, University of Wales, Kensington College of Business, London City College (UK) и American City University.

Oд 2008 година е акредитиран од страна на Одборот за акредитација на Република Македонија. Еуро Колеџ исто така е и филијала на EDS Professional Academy од Пенанг, Малезија и овластен центар на Institute of Professional Management (ICM), владино тело од Обединетото Кралство.

Еуро Колеџ во октомври 2010 година е добитник на наградата за Европски квалитет како резултат на извонредните постигања во областа на глобалното образование. Во декември 2010, во Виена, Еуро Колеџ ја добива престижната награда „Најдобра компанија“ доделена од Европската бизнис асемблеја, а деканот на колеџот беше прогласен за „Менаџер на годината“.

Во период од само три месеци помеѓу мај и август 2011, колеџот беше акредитиран од две важни акредитивни тела – ИДЕАЛ и ЕДУ.

Еуро Колеџ нуди академски студии од областа на Бизнис менаџментот, но исто така и прилагодливи студии на веќе вработени професионалци во земјата и тоа во областите на туризмотот и угостителството, правото, тргувањето и посредувањето со недвижнини и транспортот и комуникациите.

Од самиот свој почеток колеџот активно работи на воспоставување на меѓународна мрежа на партнерски колеџи и универзитети не само на Балканот туку и во европските земји, во САД и на азискиот континент.

На тој начин колеџот обезбедува македонски и американски додипломски и последипломски студии на локални студенти, но исто така привлекува и меѓународни студенти од други региони да студираат по конкурентни цени.

Меѓународната мрежа исто така им овозможува на студентите да учат барем една година во одредена земја и имаат опција за трансфер на друг партнерски колеџ во друга земја. Од тука, студентот не само што ќе има корист од академското искуство при студирањето за европска или американска квалификација, туку ќе стекне и културолошко искуство со трансферирањето на партнерски колеџ во голем број земји.