X

Еуро Колеџ во вести на ТВ+

Објавено на ТВ+ линк.

Од вчера започнаа уписите во високообразовната установа „Евро колеџ“.  Оваа студентска година на смерот бизнис и аминистрација имаат можност да се запишат 100 студенти, од кои 30 веќе се пријавени. Деканот, Љубиша Петрушевски истакна дека кај нив уписот започнува по завршување на вториот уписен рок на државните фактултети, бидејќи сметаат дека тогаш се остава простор за приватните. Тој додава дека „Евро колеџ“ се разликува од другите универзитети по плодната соработка со странски студенти.

-Дипломата од „Евро колеџ“ со која веќе се имаат здобиено околу 200 студенти и со која можеме да потврдиме дека тие работат во Дубаи. Значи вредноста на нашето училиште не е само овде, ценета е далеку во светот, во далечните земји како што се Виетнам, Дубаи или Нигерија и во регионот-изјави тој.

Петрушевски истакна дека сите што ќе студираат во нивниот универзитет имаат можност да добијат и американска диплома, како и да можност за студентска виза за САД.

-Ние имаме доста студенти кои се од овие простори на поранешна Југославија, кои студираат и за македонска диплома, која исто е признаена и за американска диплома која ние паралелно ја даваме во соработка со нашиот партнер Аполос, универзитот од Лос Анѓелес, кој е инаку национално акредитиран во Америка-додаде тој.

Тој нагласи дека нивните студенти имаат можност и да заминат на месечна пракса во Шпанија, Португалија, Италија и Филипини. Но според Петрушевски најважно е што нивниот факултет, кој опстојува 12 години, има ефтина цена, а не и скриени трошоци. Инаку „Евро колеџ“ нуди и поволни школарини за најдобри студенти,  деца без родители и слично. Предност на нивната институција е и тоа што имаат свои учебници на македонски јазик.