X

Структура и содржина на програма за додипломски студии по БА

Прва Година

  1. Бизнис Опкружување
    • Овој предмет опфаќа теми кои што се однесуваат на интеракцијата пмеѓу организациите и нивното опкружување. Главната цел е студентите да го разберат економското опкружување кое влијае врз деловните одлуки и во рамките на кое функционираат бизнисите
  2. Менаџирање на Информатичка Технологија
    • Примарната цел на овој модул е да ги прошири знаењата и вештините во користењето на IT во менаџирањето и анализирањето на податоци, со цел да се подобри квалитетот во донесувањето на одлуки во динамичното бизнис опкружување.
  3. Бизнис Комуникации
    • Главниот фокус на оваа област од студиите и улогата на менаџерот во ефективното користење на Информациските и Комуникациските методи за “од говорни во текстуални пораки“. Исто така, студентите се учат како да организираат состаноци на кои секој ќе го даде својот максимум.
  4. Статистика во Бизнис
    • Предметот ја развива способноста на студентите да се справат со нумеричките и квантитативните проблеми кои се јавуваат во бизнисот. Тие ќе бидат оспособени за користење на статистички, графички и алгебарски техники, за им пристапуваат на тие проблеми со адектавен IT софтвер, секаде каде што е релевантен. Прецизна проценка на нумеричките резултати, со или без користење на IT, овозможува ефикасни бизнис одлуки.
  5. Бизнис Менаџмент
    • Овој предмет го опфаќа менаџирањето на сопствените вештини, како и личниот развој, со цел да се постигне целта на личен прогрес и поуспешна кариера. Развојот на ефективни работни односи кои што им овозможуваат на луѓето од бизнисот да се справат со различни ситуации, вклучувајќи ги овде и конфликтните, е исто така многу важна област на студиите од овој предмет.
  6. Бизнис Сметководство
    • Со овој дел од студиите се опфаќаат планирањето, менаџментот и анализирањето на користењето на физички и финансиски ресурси во релевантните бизнис активности. Снабдувањето со навремени информации до оние кои ги донесуваат одлуките, со цел да се има полесно и поефикасно планирање на ресурсите, е во фокусот на овој предмет.

Втора година

  1. Стратешки Менаџмент
    • Наставната програма од оваа област е поврзана со распределувањето и проценката на индивидуалните и тимските перформанси, и нивната врска со постигнувањето на претходно поставените организациски цели. Менаџирањето на remote вработените, како и дискутирањето за теми кои произлегуваат од работните перформанси на одреден тим во една организација, се исто така вклучени во програмата на студии.
  2. Менаџерско Сметководство
    • Студентите се здобиваат со знаења како да менаџираат со финансии во бизнис опкружувањето. Менаџментот со обртниот капитал во бизнисот, како и буџетската контрола и техниките за трошоци се исто така фокални точки на овој предмет. Освен нив, се изучуваат и некои статистички техники, кои се ставени во функција на финансиската анализа.
  3. Менаџмент на Човечки Ресурси (HR)
    • Овој предмет е поврзан со идентификацијата, планирањето, имплементацијата, реализацијата, проценката и примањето на feedback за развојот на тимот/индивидуата, со цел да се има континуирано подобрување на целокупните работни перформанси.
  4. Маркетинг
    • Потребата клиентите да се стават во фокусот на вниманието на компанијата, идентификацијата на барањата на инвеститорите, како и планирањето како таа потреба да се синхронизира со организациските лимити, се клучен дел од студиите од овој предмет. Е-трговијата и импликациите што ги има врз процесот на менаџирањето исто така зазема важен дел од програмата на предметот.
  5. Бизнис Право
    • Студентите се учат како членството во ЕУ влијаело на економската политика на Владата на Обединетото Кралство, трговијата помеѓу земјите членки, како и можностите за трговија за Британските компании во ЕУ, и начините на кои тоа може да биде евалуирано.
  6. Финансиски Менаџмент
    • Подготвувањето на финансиски анализи за различни типови на бизнис организации, како и правењето на адекватни промени на тие анализи, е една од областите кои што се покриени во овој предмет. Исто така, студентите се учат на деталните законски и регулаторни прописи кои што се однесуваат на финансиската ревизија, како и начините на имплементација на релевантните сметководствени принципи. Базичните принципи на подготвување на групни ревизорски извештаи, се исто така вклучени во програмата од предметот. По завршувањето на наставната програма, студентите се подготвени за правење на финансиски извештаи за различни бизнис организации.

Трета година

    1. Компјутерски Мрежи
      • Ова е почетен модул во мрежната архитектура на компјутерите. Се дискутира за функцијата на комуникацискиот протокол за секое ниво. Примери од long-haul, local area network и high speed networks се изучуваат во процесот на дизајнирање и имплементација на компјутерски мрежи, протоколи и мрежни апликации.
    2. Менаџмент на Ризик
      • Целта на модулот е подобро разбирање на ризикот и покажување како ризикот е составен дел од бизнисот. Преку дискусии и студии на случаи ќе се покријат главните компоненти на процесот на менаџирање на ризик: идентификација на ризик, анализа и пристап на ризик, одговор на ризик, превентивно планирање и поставување на резерви за непредвидени случаи. Посебно внимание се дава на планирање за намалување на ризикот кое ќе ги подготви идните менаџери за потенцијалните непредвидени ситуации во финансиите, маркетингот, техничките и човековите ресурси и односите со јавноста.
    3. Корпоративни Финасии
      • Модулот започнува со принципи на финасии и продолжува навлегувајќи во теми како лизинг, спојувања (mergers), и мултинационални финансии. Финансиски теории се користат во инвестициски инструменти, вклучувајќи акции, обврзници, опции и идни пазари. Капитално буџетирачка цена на капиталот, проценки, и ризик се изучуваат исто така; проценките и ризикот се обработуваат преку напредни анализи.
    4. Лидерство и Етика
      • Во фокус на модулот е објаснување на разликите меѓу менаџментот и лидерството преку истражување на различни модели на лидерство и интеграција на Еврејско-Христијански етички принципи во разни функционални теми.
    5. Организациска Психологија
      • Овој модул претставува запознавање со организациската психологија и однесување. Преку комбинација на теории, студии на случаи и други директни пристапи кон учењето, целта на предметот е објаснување на однесувањето во организациска средина и изучување на психолошките моделите. Клучни теми вклучуваат ефективна комуникација, мотивација, лидертво, конфликт, човечки ресурси и справување со стрес на работното место.
    6. Бизнис Етика
      • Главната цел на модулот е да ги изложи студентите на многуте етички прашања кои струјат низ денешната бизнис средина. Предметот исто така ги запознава студентите со етика во поширока смисла. Идеално, студентите се фокусираат на себе-подобување и на подобрување на квалитетот на својот живот.
    7. Компјутерски Апликации
      • Теоретски, применети и организациони прашања за големи, комплексни бази на податоци во менаџментските системи, вклучувајќи физички дизајн на базите, предвидување на архитектура, нови технологии и напредни апликации.
    8. Интернационални Финансии
      • Во овој модул е претставена основата на интернационалните финансии како едно концентрирано и интегрирано искуство, фокусирајќи се на политики и бизнис примени, но и покривање на теоретските рамки. Овој модул е дизајниран да ги предизвика студентите да размислуваат за размената на стоки, услуги и финансиски капитал на методолошки и структуриран начин. Преметот нуди знаења за подобро разбирање како разликите меѓу земјите нудат можности за национален раст, развој и соработка, но исто така водат и до економски (и политички) конфликт.
    9. Менаџмент на Операции и Логистика
      • Модулот се фокусира на начинот на кој компанијата ја покрива побарувачката со понудата. Студентите ќе научат како да го достигнат оптималното ниво на флексибилност на понудата за дадена индустрија и да истражуваат стратегии за зголемување на истата. Метеријалите ги покриваат основите на supply chain менаџментот, економија на понуда и побарувачка, пазарна средина и потрошувачка психологија, логистика на supply менаџмент, supply chain менаџмент како компетитивна предност и идни трендови на supply chainменаџментот.
    10. Перцепција на Квалитет и Менаџмент
      • Во овој модул напредно се изучува историската еволуција на менаџментот, со посебен осврт на TQM (Total Quality Management). Студентот се подготвува во апликација на менаџерски теории на практични проблеми во планирање, организација и контрола на бизнис активности. Модулот им нуди на студентите знаења и вештини потребни во денешната компетитивна бизнис средина.

    За повеќе информации контактирајте не на следниот линк.