X

Доделени дипломи на 9-та генерација дипломци во „Еуро Колеџ“

На 46 дипломци од 9-та генерација запишани во 2012/2013 година на “Еуро Колеџ“ викендов во Младинскиот културен центар “Козјак“ им беа доделени дипломи.

Дипломците велат дека оваа високообразовна установа ги исполнила нивните очекувања, покрај теорија се стекнале со практично знаење и се надеваат дека полесно ќе се снајдат на пазарот на трудот. Им препорачуваат на сите млади луѓе кои сакаат да се дообразуваат, да се одлучат за “Еуро Колеџ“ затоа што нуди многу можности за студентите, овозможува пракса во земјава и во странство.

Дипломирав и се стекнав со звање економист по бизнис и администрација. На сите би им препорачала да дојдат и да се запишат на “Еуро Колеџ“, бидејќи “Еуро Колеџ“ е една установа која што овозможува на млади лица да се стекнат со практична настава, што е најважна за во иднина за вработување. Да се стекнат со нови искуства, многу нови знаења. Сега има студенти кои се во Италија и таму одат на практична настава – рече Ангела Спасовска, дипломирана на “Еуро Колеџ“.

Моника Алексовска го дели истото мислење и вели дека како дипломец од “Еуро Колеџ“ е презадоволна од она што го нудат.

Презадоволна сум и затоа продолжив на мастер студии. Задоволна сум од она што ни го пружија професорите и сите други. Тука сме почитувани, можеме да го кажеме нашето мислење за сè. Се надевам дека со дипломата полесно ќе најдам работа – вели Алексовска.

„Еуро Колеџ“ неодамна наврши 12 години постоење и плодна работа, а со влегувањето во 13-та година од своето работење ги унапредува и можностите за студентите за усовршување, размена, имплементирање на програмата Еразмус плус и слично.