X

Акредитации

Македонска Акредитација

Еуро Колеџ доби официјална одлука за акредитација од Бордот за Акредитација на Република Македонија и трајна лиценца од Министерството за Образование да нуди програма по Бизнис Администрација на додипломски и постдипломски студии. Полното име на институцијата е: ПРИВАТНА ВИСОКООБРАЗОВНА ПРОФЕСИОНАЛНА УСТАНОВА ЗА БИЗНИС СТУДИИ ЕУРО КОЛЕЏ – КУМАНОВО.

Ве молиме проверете тука.

Програмата трае 3 години на додипломски, односно 2 години на постдипломски студии, а по исполнување на пропишаните услови и комплетирање на 180 ЕКТС односно 120 ЕКТС, студентите се здобиваат со титулата Дипломиран Економист по Бизнис Администрација односно Мастер по Бизнис Администрација.

IDEAL Акредитација

На 19 мај Еуро Колеџ доби официјална акредитација од ИДЕАЛ (Интернационална Акредитациска Лига за Далечинско Образование). ИДЕАЛ е основана во Филипини како интернационална организација составена од професионалци од колеџи и универзитети ширум светот кои работат делумно или целосно на ниво на далечинско образование, прекугранично образование или разни други кампус-базирани и технолошкo-обликувани модели на учење. На 6 септември 2010 год., ИДЕАЛ стана членка на Националната Мрежа на Агенции за Проверка на Квалитет – National Network of Quality Assurance Agencies (NNQAA) која е една од двете национални мрежи за проверка на квалитет целосно признаени од Комисијата за Високо образование на Филипините. На 15 јули 2011, ИДЕАЛ беше примена како полноправна институциска членка на Азиско-пацифичката мрежа за квалитет – Asia Pacific Quality Network (APQN), респектирана институција основана да служи на потребите на агенциите за проверка на квалитетот на високото образование. На 18 август 2011 година, ИДЕАЛ официјално ја поднесе својата апликација за полноправна членка на Меѓународната мрежа на агенции за проверка на квалитет во високото образование – The International Network for Quality Assurance Agencies in Higher Education (INQAAHE), лоцирана во Хаг, Холандија, која пак е асоцијација на светско ниво со повеќе од 200 активни организации во областа на теоријата и праксата на проверка на квалитет на високото образование. Еуро Колеџ како еден од главните основачи на ИДЕАЛ ја имаше честа да биде второ училиште кое е акредитирано и да биде активен учесник во глобалните дострели на оваа Лига. ИДЕАЛ е во согласност со нашата филозофија дека како додаток на владините тела, квалитетот на образованието најдобро ќе биде оценуван од професионални едукатори.

EDU Акредитација

На 19 август 2011 год. Еуро Колеџ беше акредитиран од ЕДУ – EDU, проверете тука, кое пак е тело формирано со Меѓудржавна Спогодба (Intergovernmental Treaty) за да промовира квалитет на образованието и акредитација на ниво на терцијарното образование. ЕДУ во моментот е стациониран во Брисел, Белгија, но планира да се пресели во Њујорк во следните неколку години. ЕДУ нуди акредитација само на признаени институции на кои сака да им ја потврди легалноста на глобално ниво и да им даде потврда на студентите за квалитетот на образованието и одредените стандарди кои акредитираната институција ги исполнува. Панел од 3 академици и еден набљудувач од Комитетот за Оценување на ЕДУ го врши оценувањето со посебен акцент на наставната програма, квалитетот на наставата, законското овластување, репутацијата, листата на предавачи, политиката за антидискриминација, процедури итн. ЕДУ исто така настојува да ја промовира прекуграничната соработка помеѓу слични институции во светот и да обезбеди јавна доверба во акредитираните образовни институции. Како што истакна Генералниот секретар на ЕДУ Х.Е. Г. Ирвинг: „Имаше очајничка и итна потреба за веродостоен меѓународен акредитациски систем. Лажни училишта и лажни акредитации се светски проблем. ЕДУ помага да се изгради и оддржува еден веродостоен систем за да се олеснат проценките на вработувачите кои регрутираат странски дипломци од универзитетите и колеџите.“ Еуро Колеџ гледа на мисијата на ЕДУ како дел од своите сопствени напори. Деканот на колеџот, Др. Љубиша Петрушевски нагласи дека „Акредитацијата од страна на ЕДУ оди рамо до рамо со нашите сопствени напори да се воспостави доверба во образовниот сектор помеѓу владините тела и образовните институции и студентите и компаниите како крајни корисници.“